Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност

Макфакс

20/08/2026

21:06

197

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски, порачува дека Мала Преспа е пример дека границите можат да поделат териториите, но не и јазикот, културата и чувството на припадност, истакнувајќи ја важноста на поддршката на македонскиот јазик и традиција.

Мала Преспа е доказ дека граничите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, напиша на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски.

„Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас.

Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации.

Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа!“, порача Мицкоски.