Утрешното време ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 40 степени. Во следните денови ќе има промени со локална нестабилност, пороен дожд и засилен ветер, а температурите постепено ќе опаѓаат.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.








