Од недела локален пороен дожд и пад на температурите

Макфакс

20/08/2026

11:50

175

Големина на фонт

а а а

Од недела се прогнозира локален пороен дожд и опаѓање на температурите, по период на високи температури и стабилно време во текот на викендот. Во понеделник ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите.

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР.