Малолетник нападнат од негов соученик на игралиште во Аеродром

Макфакс

19/08/2026

15:50

156

Големина на фонт

а а а

Малолетник беше физички нападнат од неговиот соученик на игралиште во населбата Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, а случајот е пријавен во СВР Скопје и е во тек расчистување.

На 17.08.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје, С.Н.(43) од Скопје пријави дека на 16.08.2026 околу 19:30 часот на игралиште на подрачјето на Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.