43-годишна радовишанка ја истепала својата мајка спроведена е во здравствена установа

Макфакс

19/08/2026

15:40

145

Големина на фонт

а а а

Во Радовиш, 43-годишна жена физички ја нападнала својата 72-годишна мајка по што била спроведена во здравствена установа, а за случајот е известен јавен обвинител.

Вчера во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72-годишна мајка.

Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.