Во Градско патничко возило удрило десетгодишно дете, по што возачот избегал од местото на несреќата. Детето се здобило со повреди и е пренесено во болница, а полицијата трага по сторителот и возилото.
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.








