Русија и Украина извршија размена на воени затвореници, при што 103 руски војници беа вратени од украинска страна, а воените затвореници на Украина беа префрлени во Русија. Претходно имаше и размена на цивили и тела на загинати војници.
Министерството за одбрана на Русија денес објави дека разменило воени затвореници со Украина.
„Денес, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени затвореници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.
Минатата недела, во четвртокот, Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници.








