Невролошки експерт од Германија за патологијата на Мусиала: Оваа состојба бара долготрајна терапија

Дерби

19/08/2026

11:22

321

Големина на фонт

а а а

Џамал Мусиала вторпат се струполи на теренот во период од неколку дена и го вклучи алармот во Германија, особено откако голем број фудбалски фанови остааа загрижени за здравјето на талентираниот фудбалер.

Баерн Минхен како клуб му дозволи на самиот Мусиала да објасни со каков проблем се соочува веќе некое време, а откако Џамал и откри на јавноста дека има одредена невролошка дисфункција, со доста коментари излегоа и експерти во областа на неврологијата.

Угледниот „Билд“ го комуницираше професорот Кристоф Клајшниц кој е шеф на невролошкото одделени на Универзитетската болница во Есен, а во разговорот кој е воден со него, специјалистот вели дека нападите на Џамал најверојатно се од епилептична природа.

– Од невролошка перспектива, проблемот за кој зборува Мусиала потенцијално би можел да биде епилептичен напад. Може да има форма на отсутна епилепсија, бидејќи симптомите на кратки периоди на отсутност се во корелација со таа патолошка состојба.

– Сепак, морам да ги имам сите наоди кои биле направени, за да дадам точна проценка за болеста. Најважно е тоа што оваа состојба може да се лекува, иако бара примање на долготрајна терапија. Уште поважно е тоа што Мусиала може да продолжи да игра фудбал без проблеми, – потенцира Клајшниц.