[ВИДЕО] Што слави ВМРО ОКГ вечерва во Гостивар, тоа што го отруја цел град, велат од СДСМ

Макфакс

18/08/2026

20:10

181

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар вечерва ќе се одржи партиски настан на ВМРО ОКГ на годишнината од основањето, што предизвикува реакции од СДСМ поради долгата криза со водоснабдувањето и здравствените проблеми кои следеа.

Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода 5 недели а над 5.000 граѓани беа заболени денеска ќе слават. Вечерва, Општинскиот комитет на ВМРО ОКГ во Гостивар ќе слави партиски настан годишнина од основање, велат од СДСМ.

„Што славите? Тоа што го отрувте цел Град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење? Тоа што не објавувате документ и анализа за водата, прашува Бојан Зафироски – претседател на ОО СДСМ Гостивар.

Според него, Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење без документ.

Пет недели, додава тој, го нема да дојде во Гостивар.

„Сега вечерва ќе дојде ли да слави? Како не ви е срам? Граѓаните со празни шишиња, без вода а вие на партиски прослави. Сега со што ќе наздравите вечер додека славите?
Гостивар денеска од сабајле до сега пак нема вода. Па ова е поголема брука од срамната здравица пред камери, овде на оваа чешма“.

Зафироски оценува дека ваквата ситуација бара одговорност, а не, како што рече, циркуз, не партиски прослави.

„Треба да одговарате а не да славите! И ќе одговарате, доаѓа и тоа време“.