Калас: ЕУ ја поздравува одлуката на девет европски земји да ги почитуваат санкциите против Белорусија

Макфакс

18/08/2026

18:51

156

Големина на фонт

а а а

Европската унија ја поздрави одлуката на девет европски земји, меѓу кои и Северна Македонија, да ги почитуваат санкциите против Белорусија воведени од Советот на ЕУ поради учеството на Белорусија во руската агресија против Украина.

Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната посветеност и ја поздравила таа одлука.

Во јули, Советот на ЕУ одлучи да воведе рестриктивни мерки против Белорусија „поради нејзиното учество во руската агресија против Украина“.