[ФОТО] Мицкоски: Армијата е многу повеќе од униформа, таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност

Макфакс

18/08/2026

14:35

227

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски истакна значењето на Армијата како симбол на чест, одговорност и дисциплина за државата. По повод Денот на Армијата во Охрид се одржа свеченост со признание за припадниците на македонската Армија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија.

„Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, кажа Мицкоски.

Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа.

Нашата благодарност и почит се упатени кон сите активни припадници, ветерани и сите оние кои низ годините дале свој придонес во градењето на силна и професионална Армија. Честит 18 Август, Денот на АРМ!“, порача премиерот.