[ФОТО] Џесика Алба ги претвори обичните фармерки во вечерен гламур: Вистински моден погодок беше култната чанта

Кармин

18/08/2026

13:47

501

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка и успешна претприемачка Џесика Алба уште еднаш покажа зошто важи за една од најдобро облечените жени на денешницата.

За време на вечерно излегување во Лос Анџелес, таа била фотографирана во навидум едноставна, но внимателно осмислена модна комбинација која ги спојува удобноста и префинетата вечерна естетика.


Главниот адут на нејзиното модно издание биле класичните фармерки со висок струк и рамен крој, во светла нијанса на тексас, кои ги комбинирала со сив плетен џемпер со асиметрично деколте. Суптилно откриеното рамо внело доза женственост во лежерното плетено парче.


Чантата „Фенди“ и металик сјајот

Сепак, она што целата комбинација ја претвори во вистински моден погодок беа внимателно избраните модни додатоци. Актерката едноставната основа ја надополнила со луксузна чанта од „Фенди“, украсена со светкави детали, која на стајлингот му дала доза гламур и вечерен сјај.


Изгледот го заокружила со елегантни металик сандали со потпетица, дискретен сребрен накит и беспрекорно исфенирана коса, докажувајќи дека квалитетните детали се клучот за секоја добра модна комбинација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk