Уапсен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

Макфакс

17/08/2026

10:30

188

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Битола уапси 67-годишен човек за кој се сомничи дека предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“. Пожарот бил изгаснат и нема повредени, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.