Во Бардовци ноќеска била фрлена експлозивна направа кон куќа, која предизвикала значителна штета на имотот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета.
Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата.
– Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било патничко возило, портата и друго – посочуваат од Министерството.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








