Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави фотографии и видео од неделната генералка во Скопје

Макфакс

16/08/2026

13:40

145

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски известува за активностите за уредување и чистење на јавните површини во Скопје, истакнувајќи ја важноста од континуирана грижа за градот како европска метропола.

Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот.

Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се постигне со една акција, туку бара редовна работа, дисциплина и континуирана грижа.

„Скопје е наш заеднички дом. Да го чуваме чист, уреден и достоен – онака како што заслужува секоја европска метропола“, порача градоначалникот.