Ја тепал ќерката и се заканувал дека ќе ги запали неа и сопругата, се бара притвор

Макфакс

15/08/2026

13:40

140

Големина на фонт

а а а

Педесетгодишен маж од Тетово се сомничи за <b>семејно насилство</b> и сериозни закани кон сопругата и ќерката, по што обвинителството побара притвор поради прекршување на мерките за заштита и закани со насилство.

Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.

Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот.

Случајот започнал откако во домот дошле лица кои од осомничениот барале да им ги врати 200-те евра што му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето. Сопругата тогаш признала дека тој ги измамил и најавила дека ќе повика полиција.

Во тој момент, според ОЈО, осомничениот започнал да го удира девојчето, а на сопругата и ќерката им се заканувал дека ќе ги запали доколку полицијата го приведе. Со неговото однесување кај оштетените предизвикал чувство на страв и загрозеност.

Обвинителството наведува и дека со постапувањето ги прекршил мерките за заштита од семејно насилство што претходно му биле изречени од Основниот суд во Тетово.

Јавниот обвинител, имајќи ги предвид околностите на случајот, до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.