Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Макфакс

15/08/2026

13:20

98

Големина на фонт

а а а

Испитувањето на примероците од водоснабдителниот систем на Скопје покажува дека водата е безбедна и квалитетна за пиење согласно регулативите.

Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење. Примероците се земени според соодветната македонска стандардизирана метода, а за сите е извршена физичко-хемиска и микробиолошка анализа во акредитирани лаборатории.

Според добиените резултати, сите 42 примероци од водоснабдителниот систем на Скопје одговараат на пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.