Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Макфакс

15/08/2026

11:09

167

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Александар Николоски ја истакнува силната динамика и координација при изградбата на автопатот Охрид – Кичево, при што се решаваат сложени инженерски проблеми со посебен фокус на успешна соработка меѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите.

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук.

Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми.

– Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите. Ја градиме Македонија, стои во објавата на Николоски.