Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Макфакс

15/08/2026

11:08

223

Големина на фонт

а а а

Двајца лица се приведени во Битола и Прилеп поради предизвикување пожари на отворен простор. Полицијата ги лишила од слобода во различни термини, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

-Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка – посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.