Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Макфакс

14/08/2026

15:10

142

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Скопје уапсила 37-годишен маж по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишник, кој бил измамен за повеќе од 7.000 евра во врска со посредување за царинска документација за возило.

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен скопјанец.

Од МВР информираат дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С. на 13 август во 13:45 часот.

Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека О.С. во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за царинската документација потребна за внесување патничко возило од странска земја.

Откако ги зел парите, осомничениот почнал да го избегнува оштетениот. Кога 62-годишникот сфатил дека е измамен и ги побарал назад парите, О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани.

По целосното документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.