Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

Макфакс

14/08/2026

12:20

179

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел започна опсежна акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа со цел подобрување на функционалноста и заштита на животната средина.

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија.

Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа.

Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во наредните денови, во сите населени места на територијата на општината.

Целта на активностите е да се подобри функционалноста на канализациониот систем, да се спречат застои и да се придонесе за почиста и поздрава животна средина за граѓаните.