Аријана Гранде повторно е главна тема на социјалните мрежи, но овој пат нејзините обожаватели не зборуваат за нејзината загрижувачка фигура, туку повторно за нејзиниот љубовен живот.
Набргу откако беше објавено дека пејачката и актерка раскинала со актерот Итан Слејтер, беше откриено дека таа ја обновила врската со танчарот со кого била пред околу десет години.

Гласините дека Аријана Гранде и Рики Алварез би можеле повторно да бидат заедно се појавија ова лето, откако нејзините обожаватели забележаа неколку детали што поттикнаа сомнежи дека ја обновиле некогашната врска, а поп-ѕвездата сега и го потврди тоа.

Аријана објави неколку фотографии на Инстаграм, а меѓу нив се најде и една на која две лица носат идентични бели маици, додека раката на мажот е префрлена преку рамото на пејачката.

Иако нивните лица се отсечени од кадарот, доволно беше тоа што Гранде го означи Алварез за да поттикне нови шпекулации, а тој потоа ја сподели истата фотографија.

Исто така, пејачката објави и една заматена фотографија на која таа и Рики се фотографирани наопаку.
Стара, но непреболена љубов
Аријана и Рики Алварез се запознале додека тој бил дел од нејзиниот танцувачки тим за време на турнејата „Honeymoon“, а нивната романса траела од 2015 до 2016 година. Нивната врска повторно привлече внимание и поради хитот на Аријана „Thank U, Next“ од 2018 година, во кој таа пеела: „Напишав неколку песни за Рики, а сега ги слушам и се смеам“.
Сепак, години подоцна, пејачката во една пригода го променила токму тој дел од песната. За време на еден од настапите на актуелната турнеја „Eternal Sunshine“, наместо оригиналниот стих отпеала: „Секогаш го наоѓаме патот еден до друг“.

Досега ниту еден од нив јавно не потврдил дека се смириле, па останува отворено прашањето дали станува збор за романса или едноставно за близок однос меѓу поранешни партнери.
Овие вести за нејзиниот приватен живот доаѓаат откако Гранде објави дека планира да се повлече од јавноста по завршувањето на актуелната турнеја.

Инаку пејачката речиси три години беше во врска со актерот Итан Слејтер, кого го запознала на снимањето на филмот „Злобница“.
Нивната љубов привлече големо внимание, бидејќи Слејтер бил оженет кога се вљубиле, а непосредно пред тоа добил син со својата сопруга, со која бил во врска уште од средношколските денови.

Набргу потоа се развел и ја продолжил врската со Аријана, но тие никогаш официјално не се појавувале во јавноста како пар, ниту споделувале заеднички фотографии. Во јуни 2026 година беше откриено дека раскинале, а извори блиски до пејачката за медиумите изјавиле дека тие останале пријатели.










