Гатузо остана без планираното засилување: Не откачи во последен момент поради тим кој игра во ЛШ

Дерби

10/08/2026

14:17

176

Големина на фонт

а а а

Фрањо Ивановиќ беше голема трансфер мета на Лацио и клубот од Рим направи се за да го има Хрватот во своите редови, но кога требаше да се финализираат преговорите, пристигна неочекувана пречка во вид на сериозен ривал од Франција.

Ленс се вклучи во трката за потписот на хрватскиот напаѓач и брзо успеа да го убеди со проектот кој му го понуди, па тоа го призна и самиот Рино Гатузо на обраќањето пред италијанските новинари.

Тренерот на Лацио го призна поразот во трансфер битката со Ленс, а како што вели самиот, пресуден фактор било тоа што францускиот клуб му нуди настап во Лигата на шампиони.

– Можете да претпоставите што се случи со Ивановиќ, тоа сега останува зад нас. Клубот направи се што е потребно за да го доведе, дури и јас разговарав со самиот играч.

– Бенфика даде одобрување за комплетирање на трансферот, но фудбалерот на крајот одлучи да замине во Ленс и да игра во Лига на шампиони. Не можевме да направиме ништо, можеби малку погрешивме бидејќи задоцнивме со преговорите, можеби требаше да го доведеме порано, – изјави Гатузо.