ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Макфакс

08/08/2026

15:10

342

Големина на фонт

а а а

ДУИ реагира на отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце и го оценува тоа како тешка провокација и прекршување на законските обврски за употреба на службени јазици во Македонија.

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ.

„Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции јавно да се извинат за ова прекршување. Вреди носи директна одговорност за ова. Наместо да го спречи деградирањето на албанскиот јазик, измислува празни оправдувања и со манипулативни видеа се обидува да ги измами граѓаните“, велат од ДУИ и додаваат дека албанскиот јазик е службен јазик и неговата употреба е законска обврска.