Интересен српско-хрватски тандем се спои во ПСВ: Ќе им го загорчиме животот на ривалите

Дерби

07/08/2026

07:02

541

Големина на фонт

а а а

Филип Костиќ не се изнаигра во Јувентус и ја заврши својата етапа во Торино заедно со Душан Влаховиќ, а искусниот крилен напаѓач како слободен агент сега се одлучи за дестинација која станува се подобра за ветерани.

ПСВ Ајндховен доминира во холандскиот фудбал со Петер Бош и тренерот бил една од главните причини за трансферот на „Филипс“ стадионот, но покрај тренерот, многу важна улога одиграл и хрватскиот ветеран кој ужива во холандскиот првак, Иван Перишиќ.

– Иван постојано ми ѕвонеше и ме викаше во ПСВ. Ми велеше да му се приклучам и дека заедно ќе им го загорчиме животот на противниците.

– Среќен сум што сега навистина ќе имаме прилика за такво нешто. Гладен сум за успеси после периодот кој го оставив зад себе, ПСВ е голем клуб и не можам да дочекам да излезам на теренот во новиот дрес.

Костиќ мина четири години во Јувентус и не успеа да ги оправда очекувањата, но претходно беше една од најголемите ѕвезди во Бундеслигата како член на Ајнтрахт Франкфурт.