[ФОТО] Ќерката на Синди Крафорд изгледа како милион долари – за нејзината висина од 177 центиметри овој фустан е идеален

Кармин

05/08/2026

21:33

362

Големина на фонт

а а а

Каја Гербер реши премиерите на серијата „The Shards“, во која игра една од главните улоги, да ги одбележи со впечатливи модни изданија. Така, синоќа во Берлин промовираше минималистички стил, кој сѐ посигурно ја води кон статусот на една од најдобро облечените познати личности.

Ќерката на познатата манекенка Синди Крафорд со своите модни комбинации често ја оживува минималистичката естетика од деведесеттите години, периодот кога нејзината мајка суверено владееше на светските модни писти. Овој моден правец и денес важи за синоним за шик и елеганција, па речиси и да нема конкуренција кога станува збор за безвременски стил на облекување.


Каја Гербер синоќа уште еднаш ја потврди својата наклонетост кон минимализмот, појавувајќи се во бел комплет од модната куќа „Prada“. Комбинацијата се состои од здолниште со едноставен крој, со макси должина, кое ја истакнува нејзината витка фигура, и топ што ги открива стомакот и грбот, додека белите ремчиња на задниот дел му даваат впечатлив детаљ на ова сведено модно издание.


Голиот грб ги откри и бројните тетоважи. Каја Гербер, која неодамна позираше со синот на Ричард Гир, е голем љубител на тетоважи и, според пишувањата на странските медиуми, има повеќе од дваесет.

Актерката и манекенка е позната по љубовта кон дискретните, минималистички тетоважи. Кон крајот на 2025 година, во едно студио во Аризона истетовирала суптилна панделка на десната подлактица, изработена со бело мастило. Ваквите тетоважи се едвај видливи на кожата и во последните години станаа еден од омилените трендови меѓу светските ѕвезди.


Нејзината прва тетоважа, која ја има од 2018 година, е натписот „Jordan“, што е нејзиното средно име, истетовиран на внатрешната страна од раката. Во меѓувреме, своето тело го украси со низа минималистички мотиви, меѓу кои се скица инспирирана од делото на Пабло Пикасо, зборот „мама“, вселенски брод, ангел чувар, анатомски приказ на женско торзо, натписот „Strawberry Fields“ како омаж на прочуената песна на „The Beatles“, испреплетени раце во форма на срце и бројни други цртежи.


Минималистичките тетоважи совршено се вклопуваат во нејзиниот моден стил, па заедно создаваат хармонична целина што зрачи со софистицираност и безвременски шик.

Гербер, која е висока 177 центиметри, во белиот комплет ја истакна својата витка манекенска фигура. Важна улога во стајлингот имаа и металик сандалите, светкавата сенка за очи, како и косата префрлена на страна, обликувана со длабок страничен патец.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk