[ФОТО] Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена марихуана – лишен од слобода скопјанец

Макфакс

01/08/2026

14:40

271

Големина на фонт

а а а

Полицијата лиши од слобода 39-годишен скопјанец откако во автокамп на охридското крајбрежје беше пронајдена марихуана и опрема за пакување дрога. По целосно документирање ќе следи кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Полицијата лиши од слобода 39-годишен скопјанец, откако при претрес во автокамп на охридското крајбрежје била пронајдена дрога и опрема за нејзино пакување.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 јули 2026 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода В.С.(39) од Скопје.

При претрес на камп-приколка и дворно место, биле пронајдени и одземени шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.