ВМРО-ДПМНЕ информира дека со ребалансот на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат повеќе средства за здравството, образованието и социјалната заштита, со цел подобрување на јавните услуги и поддршка на граѓаните.
Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги.
Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за семејствата, за најранливите категории граѓани и за сите оние на кои им е потребна сигурност и стабилност.
Здравството добива дополнителни околу 1 милијарда и 811 милиони денари, затоа што граѓаните заслужуваат подобри услуги, модерна опрема и функционални здравствени установи.
Образованието со повеќе од 1 милијарда денари дополнителни средства, инвестиција во училиштата, студентите, учениците и иднината на нашата држава.
Паралелно, се обезбедуваат повеќе средства за земјоделците, за железничкиот сообраќај, за породилното боледување, за МОЈ ДДВ и за поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари.
Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство.
Овој Ребаланс не е само збир на бројки. Ова се реални средства зад кои стојат реални луѓе родители, пензионери, земјоделци, работници, наставници, здравствени работници и млади кои ја градат својата иднина“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






