Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид се согласи да го продаде Гонзало Гарсија во премиерлигашот Фулам, но за кратко време веднаш пронајде соодветна замена, класичен напаѓач по мерка на тренерот Жозе Мурињо.
Се работи за 21-годишниот Карлос Еспи кој беше на пат за Англија, преселба во Премиер лигата во Брајтон или Хал Сити, меѓутоа од никаде се појави Реал и успеа експресно да го договори неговиот потпис.
„Кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула што значи дека Леванте ќе заработи 25 милиони евра за играчот кој минатата сезона даде 11 голови во Примера.
Тој воедно се обврза на соработка до 30 јуни 2031 година.







