ЈП Водовод и Канализација најавува прекин на водоснабдувањето за делови од Општина Центар утре поради дефект на огрлица на главната водоводна линија.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре 31.07.2026 година (петок)
– поради дефект на огрлица ф-250 мм на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Водњанска, дел од ул.Бел Камен и дел од ул.Шарски Одред.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот. (Општина Центар)







