Златна ретриверка „плаче“ откако нејзината сопственичка се вратила од одмор – видеото ги топи срцата

Точка

30/07/2026

14:45

556

Големина на фонт

а а а

Снимката од емотивната средба на златната ретриверка и нејзината сопственичка по една недела разделеност собра повеќе од еден милион прегледи на ТикТок. Сопственичката објавила видео во кое објаснува дека била отсутна една недела и сакала да ја сними реакцијата на својата миленичка Самер, за која вели дека е „голема плачливка“.

На снимката се гледа како Самер ѝ приоѓа на сопственичката со омиленото ќебенце во устата, а потоа почнува да испушта звуци слични на липање. Ретриверката цврсто ги затвора очите и ја сокрива главата во нејзиниот скут додека таа ја гали.

Видеото ги разнежни корисниците. „Повеќе не смееш да ја оставаш сама“, гласи еден од коментарите. Друг корисник напишал: „Не ги заслужуваме животните“, а трет ѝ порача на сопственичката дека отсега ќе мора „да ја носи секаде со себе“. На многумина им била симпатична и нејзината навика, кога е возбудена, да држи ќебенце во устата.


Зошто кучињата сакаат ќебиња?

Однесувањето на ретриверката Самер, која утеха бара во своето ќебенце, не е невообичаено. Порталот „Houndsy“ објаснува дека љубовта кон ќебињата произлегува од природните инстинкти и потреби на кучињата.

„Домашните кучиња наследиле инстинктивно однесување од волците, нивните диви предци, кои во своите легла копале и се вовлекувале во меки материјали за да создадат безбедно место за одмор“, се наведува на нивниот блог. Авторите истакнуваат дека свиткувањето во ќебе кај кучето го активира „исконскиот инстинкт за правење легло“, пренесува „Pethelpful“.

Ќебињата на кучињата им даваат и чувство на сигурност бидејќи го задржуваат мирисот на сопственикот, што им претставува утеха кога се сами. Порталот им советува на сопствениците да избираат меки и воздушести ќебиња што можат да се перат во машина за перење. Исто така, препорачува покрај ќебето, на кучето да му се обезбеди пријатна околина со доволно играчки.