Ветувал посредништво за туѓа нега и обезбедување социјален стан: Измамник од Тетовско се стекнал со над 5.000 евра

Макфакс

29/07/2026

17:00

129

Големина на фонт

а а а

Во Тетовско е пријавен измамник кој ветувал посредништво за туѓа нега и обезбедување социјален стан, стекнувајќи се со над 5.000 евра нелегално.

Измама во Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р. (52) од с. Камењане, општина Боговиње.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Имено, пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за остварување на право на туѓа нега за неговата сопруга, како и за обезбедување социјален стан.