Драма во Охридското Езеро: Силен ветер и бранови однеле тинејџерки на два километри од брегот, не можеле да се вратат, ги спасувала полицијата

Макфакс

29/07/2026

12:50

398

Големина на фонт

а а а

Во Охридското Езеро, две тинејџерки се оддалечиле на два километри од брегот поради силен ветер и големи бранови додека пловеле на СУП даски. Тие викале за помош, а полицијата ги спасила безбедно.

Силен ветер и големи бранови однесоа две тинејџерки кои пловеле со СУП даски во Охридското Езеро на два километри од брегот. Девојчињата викале и барале помош. За среќа ги слушнале луѓе од брегот и полицијата ги спасила.

Според информациите на СВР Охрид, вчера во 19:55 часот во полиција било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското Езеро на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

„Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2.000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските сè повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот“, информира полицијата.

Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција.

Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „СУП“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки.

фото/Depositphotos