Тетовец тешко повреден откако чичко му ненамерно му ја прегазил ногата со автомобил

Макфакс

27/07/2026

14:40

157

Големина на фонт

а а а

Дваесет и седумгодишен маж од Тетово беше тешко повреден откако неговиот чичко ненамерно му ја прегазил ногата со автомобил во дворот на нивниот дом. Повредениот беше задржан на лекување во Клиничкиот центар, а полицијата изврши увид на местото на настанот.

Дваесет и седумгодишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди откако неговиот чичко ненамерно му ја прегазил ногата со автомобил.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули околу 20:30 часот од Клиничкиот центар во Тетово, каде што повредениот бил донесен на лекување.

Во разговор со полицијата, 27-годишникот изјавил дека инцидентот се случил околу 19 часот во дворот од нивниот дом, кога неговиот 61-годишен чичко, движејќи се наназад со патничко возило, ненамерно му ја прегазил ногата.

Повредениот побарал да не биде поднесена пријава, наведувајќи дека станува збор за несреќен случај. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.