Млад штипјанец паднал од прозорец на ауди во движење

Макфакс

27/07/2026

14:40

139

Големина на фонт

а а а

Млад штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил „ауди“ во движење, а случајот е под истрага од страна на полицијата во Штип.

Дваесет и едногодишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење.

Несреќата се случила околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Автомобилот „ауди“ со штипски регистарски ознаки го управувал 22-годишниот Б.С. од Штип.

Повредениот Н.А. (21) бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.