Министерот за правда Јетон Шасивари имаше средба со претседателката на Нотарската комора, каде беа дискутирани измени на Законот за нотаријат и подобрување на дигитализацијата на нотарските услуги.
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев.
На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на ноторијатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија.
Министерството за правда останува посветено на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен чинител на правосудниот систем, со цел унапредување на владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.







