Општина Ѓорче Петров ќе додели 300.000 денари хуманитарна помош за Гостивар

Макфакс

27/07/2026

11:10

102

Големина на фонт

а а а

Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за доделување на финансиска поддршка во износ од 300.000 денари за жителите на Гостивар погодени од загадување на водата за пиење, како и формирање на комисја за процена на штетите од природни несреќи.

Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани.

Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно евидентирање и изготвување збирен извештај, согласно законските прописи и утврдената методологија.

На истата седница, Советот донесе и Одлука за доделување хуманитарна помош во износ од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија.