Гостивар утре добива технички исправна вода, вели Мицкоски

Макфакс

26/07/2026

14:26

606

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека жителите на Гостивар ќе добијат технички исправна вода за пиење уште утре, по што ќе бидат завршени работите на хиперхлорирање на водоводната мрежа како дел од брзото решавање на водната криза во градот.

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела.

Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од скопскиот водовод за хиперхлорирање на цевководот.

Како што истакна Мицкоски, наместо конструктивност, опозицијата одбрала да користи неосновани обвинувања и да шири непотребна паника кај граѓаните.

-Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да се издаде соопштение дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела.

Мене ме чуди што опозицијата ја критикува општината и раководството кое самите го поддржуваа за време на локалните избори. Владата испорачува резултати и ќе продолжи тоа да го прави – рече тој.