СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна вода

Макфакс

25/07/2026

12:30

231

Големина на фонт

а а а

На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар.

„За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Центрите за јавно здравје се раководени од исти кадри, избрани од иста гарнитура со вмешани прсти на ВМРО. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна. А пред тоа 5 дена молчеа. По 200 луѓе се пријавувале во болницата во Гостивар и никој од здравствените влати не презел ништо. Сега го праќаат министерот за полиција да ни кажува процеси за хлорање вода, министерот за здравство да ги напаѓа лекарите што проговореа за вистината во Гостивар. Да ни кажуваат на нас Гостиварци дека секој е виновен, освен ВМРО-ОКГ, Мицкоски и тендер-коалицијата. Власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група не може да бегаа од одговорност. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво. Пратеници со години во Собранието, советници од владеачката коалиција, вработени во општината, вработени во водоводот. Дојде време сите да одговараат. Здравјето на луѓето е пред секоја функција и пред секое име и презиме“, велат од СДСМ.