Во Куманово пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Макфакс

25/07/2026

11:50

207

Големина на фонт

а а а

Во Куманово беше уапсен 18-годишник откако полицијата пронајде дрога, боксирачи и пиротехнички средства при претрес во неговиот дом. Тој ќе се соочи со соодветна пријава по комплетирање на случајот.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.

– По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР.