Зеленски предупреди: Русија ќе се обиде целосно да го блокира извозот на украинско жито

Макфакс

23/07/2026

18:50

204

Големина на фонт

а а а

Зеленски предупреди дека Русија ќе ги зголеми напорите за блокирање на извозот на украинско жито преку поморскиот коридор, што веќе доведе до прекини во пловниот сообраќај во пристаништата на Црното Море.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ќе го засили притисокот врз поморскиот коридор за извоз на украинско жито и ќе направи сѐ за да го блокира.

„Тоа го сфативме уште пред неколку месеци. Ќе направат сѐ за да го блокираат житниот коридор. Вчера ниту еден брод не успеа да влезе во пристаништето бидејќи ги напаѓаа сите пловила. Притисокот само ќе се зголемува“, изјави Зеленски.

Поради опасноста од руски напади, од денеска е запрен влезот на бродови во украинските пристаништа на Црното Море. Нападите веќе ги натераа дел од бродските компании да ги прекинат или ограничат своите услуги, што дополнително го отежнува украинскиот извоз на жито.