Општина Кисела Вода почнува постапка за обесштетување на граѓаните погодени од невремето

Макфакс

23/07/2026

16:30

138

Големина на фонт

а а а

Општина Кисела Вода започнува постапка за обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од силното невреме во Скопје. Процесот ќе се спроведува во соработка со Владата и Градот, а барањата се примаат преку образец достапен и онлајн.

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.

По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира во соработка со Владата и со Град Скопје.

Образецот за пријавување штета е достапен во Архивата на Општина Кисела Вода, а истиот може да се преземе и електронски од нашата официјална веб-страница, на следниот линк: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/20260723154706635-1.pdf

Пополнетиот образец, заедно со комплетната документација, се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето е задолжително да ги приложите и следниве документи:

✔

Важечка лична карта или патна исправа (фотокопија);

✔

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

✔

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

✔

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните навремено да ги поднесат своите барања. На овој начин, постапката за проценка на штетите ќе може да се спроведе максимално ефикасно и во најкраток можен рок. Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани согласно законските прописи.