Општина Гостивар: Граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, не од социјални мрежи

Макфакс

23/07/2026

12:20

117

Големина на фонт

а а а

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија и ги предупредува да не се водат по лажни информации што се шират на социјалните мрежи, додека институциите интензивно работат на подобрување на состојбата со водоводниот систем.

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, а не од лажни информации на социјалните мрежи.

Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните институции и да не шират или да не се потпираат на лажни информации што кружат на социјалните мрежи“, велат од Општината.

Додаваат дека за секој нов развој на настаните, граѓаните ќе бидат навремено информирани, како за анализите и резултатите од квалитетот на водата, така и за состојбата на водоводниот систем.