Орце не е способен билборд да направи, а камоли пречистителна станица, оценува СДСМ

Макфакс

23/07/2026

11:40

203

Големина на фонт

а а а

Во овој текст се дискутира за проектот за пречистителната станица во Скопје, чија изградба ја започнал СДСМ, но која била блокирана и успорена со доаѓањето на новата градоначалничка Данела Арсовска и нејзиниот тим, додека СДСМ ги критикува обидите за презентирање на проектот како успех на сегашната власт.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје

е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ.
Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од СДСМ.

Прво, постетуваат од партијата, го разрешија директорот, иако, како што додаваат, европските партнери јасно кажаа дека нема никакви сомнежи во постапката.

„Потоа со месеци одбиваа да го направат изборот на фирмата за надзор и на изведувачот, иако бодувањата веќе беа завршени и автоматски го покажуваа победникот.

Плаќањата кон изведувачите доцнеа. Сега, кога проектот конечно се движи, се обидуваат да го претстават како свој успех.

Орце не може да го среди градскиот сообраќај, не може да го реши проблемот со ѓубрето во главниот град, а уште помалку еколошките проблеми.

Орце не е способен ниту билборд да направи без грешка, а камоли да управува со инфраструктурен проект вреден над 200 милиони евра“.

Пречистителната станица, потенцираат од СДСМ, не е нивен проект.

„Таа е проект што го започна СДСМ, го обезбеди со европски пари и го остави подготвен за реализација. Тие само го успоруваа.

Граѓаните треба да знаат: кога ВМРО-ОКГ се фали со инфраструктура, најчесто се работи за проекти што ги наследиле и кои претходно ги блокирале.