[ВИДЕО] Хаос во Франција: властите издадоа вонредна наредба поради пожар, луѓето бегаат

Макфакс

23/07/2026

09:19

342

Големина на фонт

а а а

Во францускиот департман Жиронд избувна голем шумски пожар што зафати повеќе илјади хектари и предизвика масовна евакуација на илјадници луѓе од загрозените области, особено во туристичкиот регион Кап Фере.

Шумскиот пожар што вчера го зафати подрачјето во близина на сливот Аркашон во францускиот департман Жиронд се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост, објави префектурата.

Утрово, властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена област северно од Кап Фере, популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона, објави „Фигаро“.

Префектурата синоќа објави дека најмалку 4.600 луѓе веќе се евакуирани од домовите и сместувачките капацитети во загрозената област.