61-годишен жител на Гевгелија пријавил пронаоѓање на граната од Првата светска војна во нива кај местото наречено „Ќупот“, по што пиротехничар ја подигнал и идентификувал гранатата.
Пронајдена граната од Првата светска војна
61-годишен гевгеличанец во понеделникот пријавил во полиција дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за граната со калибар 100 мм и дека е од Првата светска војна.







