Преку солидарен фонд, Град Скопје ќе им помогне на граѓаните кои претрпеа штети од невремето

Макфакс

22/07/2026

16:40

245

Големина на фонт

а а а

Град Скопје иницира користење на солидарен фонд за обештетување на граѓаните кои претрпеле штети од силното невреме кое го зафати градот. Општинските комисии ќе ги проценуваат штетите, а инспекторите ќе вршат засилени контроли за да се обезбеди безбедност и помош на погодените.

Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби.

Состојба по невремето

„Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и приватен имот.
Станува збор за временска непогода од размери какви што градот не памети со децении. Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување“, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Контроли и проценки

Истовремено, договорено е општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.

Помош и поддршка

„Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи во предвид дека, одржувањето на истите треба да го имаат куќните совети. Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода. Градот Скопје има и свој солидарен фонд во кој што имаме обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека работата продолжува сè додека не бидат санирани последиците и не се обезбеди целосна безбедност за граѓаните.