Жител на Пробиштип е обвинет за изнуда и вознемирување на три жени со употреба на електрошок, при што од нив изнудил вкупно 110.000 денари.
Жител на Пробиштип со електрошок изнудил 110.000 денари од три жени.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 03.07.2026 било пријавено дека пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка и со употреба на електрошок во два наврати од нив изнудил вкупно 110.000 денари.







