Петрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, нема кредибилитет да говори за здравствениот систем

Макфакс

20/07/2026

12:00

204

Големина на фонт

а а а

Во изјава, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко го критикува Филипче, истакнувајќи дека тој нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем поради серија скандали и пропусти во управувањето со здравството.

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал.

Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на погромот во ковид кризата, кога Македонија беше меѓу првите со најголема смртност по глава на жител.

Кога Филипче зборува за здравство, не потсетува и на провизиите кои сакаше да ги заработи преку Стабри вакцините, преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја“.

Според Петрушевски, кога Филипче зборува за здравство, тој говори за аферата “Крвави тендери” кога со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.

Затоа, потенцира, Филипче е последниот кој треба да говори за начинот на тоа како треба да се води здравствениот систем.