Југо и два електрични тротинети учествувале во сообраќајка во Скопје

Макфакс

19/07/2026

16:28

744

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „југо“ и два електрични тротинети управувани од двајца 15-годишници, при што двајца малолетници се повредени.

Двајца 15-годишници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосницата на улиците „Ќемал Сејфула“ и „Павле Илиќ“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена околу 16:00 часот, а во неа учествувале „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (71) од Скопје, и два електрични тротинети управувани од двајца 15-годишници од Скопје.

Во несреќата едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, додека другиот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.